2win800x200

Владиката Петар ќе отвора телевизија

Март 01, 2023

Нова телевизија од  забавно општ  карактер ќе зрачи локално во  скопскиот регион. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на седницата одржана во понеделникот му даде дозвола на компанијата Преобразение, чиј основач, сопственик и управител е теологот Петар Каревски, кое е световно име на  Преспанско пелагонискиот владика 

„Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на подрачје на регионално ниво Скопје на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје. Телевизискиот програмски сервис ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс“, се наведува во одлуката на АВМУ 

Компанијата Преобразба  е основана на 25 август 2021 година, со основачки влог од 300 илјади денариВладиката Петар не одговори на телефонските повици и пораки на Телма, да каже зошто одлучил да влезе во медиумскиот бизнис,  каков е неговиот план со телевизијата која ќе зрачи во Скопје,  а не во Битолскиот регион каде е неговата епархија, потоа колку пари ќе чини овој проект, кпј го финансира и  дали ќе има и информативна програма,  што сепак е исклучително значаен сегмент со оглед на неговата улога во општеството како владика на една епархија.

Неофицијално како што пренесува ТВ Телма зад проектот стои  Македонската православна црква, а овој формат  ќе наликува на форматот на регионалните и националните телевизии, кој опфаќа програма од забавен карактер, од јавниот живот, музичка програма, и секако може да содржи и информативна програма. Според информации на Телма, опремата за телевизијата на компанијата Преобразба чиј сопственик е Владиката Петар е од поранешната скопска локална ТВ Амазон.

 

https://telma.com.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани