2win800x200

РАСЧЕКОР-феномен на ноќниот живот кој трае точно 30 години (фотогалерија)

Ноември 27, 2021


Синоќа РАСЧЕКОР прослави 30 години од своето постоење.


received 716469172644971
Овој ноќен клуб лоциран во Битола е приказна  која живее цели 30 години и која е фабрика за забава на бројни генерации.


РАСЧЕКОР е името кое ја стави Битола на светската карта за добра забава.
Клуб за кој се доаѓаше и од други градови и од други држави.
Се броеа денови, недели и месеци до посетата на рајот на ноќните журки, ги фалеа различни портали, лајфстајл магазини…за нив се пишуваше по форуми, а славните артисти го ставаа РАСЧЕКОР на листата на посакувани клубови за настап во кој пулсира ритамот на врвните изведувачи

received 403901531459266

РАСЧЕКОР е најстариот клуб во градот Битола, а веројатно и најстариот во Македонија, ако се земе неговиот континуитет без промени цели 30 години (освен месеците на локдаун заради здравствената глобална криза).

received 1350864522009391

РАСЧЕКОР е клуб кој не менувал сопственици, не менувал концепти, а на листата на гости имал бројни славни и убави луѓе кои остануваат запишани во нашите драги мемоари.

received 190931713240342

Од музички…до актерски ѕвезди, од врвни спортисти … до филмаџии, од претставници на џет-сетот во сите изминати три децении…до нивните омилени обични луѓе кои останаа верни на овој клуб.

received 447764920079435

Да, славното минато и славните гости се убав сјај на оваа долга приказна, но редовните гости се оние кои сите изминати години веруваа во она што клубот го прави приказна која трае 

 

received 1057949551656637

РАСЧЕКОР е гламурозен клуб, кој низ годините го менувал изгледот станувајќи и по енетриер и по технички параметри на светло и озвучување врвна локација и за најстарогите критичари.


received 332022544960795

Во него се вложуваше секогаш и секако, со цел да биде бр 1.

received 647573963079483

Од првата 1991 година, до оваа 2021 во РАСЧЕКОР се носеле и свечени тоалети и високи потпетици и фини парфеми, а подиумот бил место на забава на бројни генерации кои некогаш тука пораснале, а и овие новите кои денес со љубопитност слушаат и просто не веруваат како е можно нешто толку долго да трае во шоу бизнисот


received 313565263708490
Бендови, диџеи, стенд ап комичари, актери....се наоѓаат на илјадната листа во оваа историјата на оваа "Парти Мека" како многумина ја нарекуваат

received 610844046728177


Овој викенд клубот ја прослави својата 30 годишнина.


Јубилеј кој вреди да се запамети.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани