2win800x200

Замолчена опозиција (пишува Валентин Груевски)

Август 27, 2020

 

Во парламентарната демократија, Собранието  и Советот се двете најголеми форми на демократија во кои претставниците на власта и опозицијата дискутираат, ги соочуваат аргументите, зборуваат за грешките на едните и другите, дебатираат и донесуваат одлуки во корист на сите граѓани. Не ретко власта е „глува“ за барањата на опозицијата, ги турка работите како што ги замислила, а пак опозицијата не сака да признае дека власта нешто добро направила и дека граѓаните ќе видат полза од некоја одлука.

Во сите тие дебати секогаш, погласна, пожестока, повеќе пати зборува опозицијата и таа обично го диктира темпото на седниците, ги одредува темите за кои смета дка треба да бидат во центарот на вниманието и за кои е спремна барем десетина часа да дебатира и  да убедува дека има аргументи за подобра одлука и подобар избор за граѓаните.

СОВЕТОТ

Советот преживеал и ќе преживее  многу седници,  многу расправи, многу дневни редови, ама седницата во вторникот беше уникатна и јас досега не памтам ниту една ваква седница. Имено, по дневниот ред од скоро седумдесет точки, ниту еден претставник на опозицијата не побара збор и ниту еднаш не излезе на говорница. Темите не беа ниту еднолични, ниту неинтересни, ниту досадни. Имаше што да се зборува и што да се дискутира, уште повеќе ако се знае дека во минатото образованието, и средното и основното, детските градинки, дел од јавните претпријатија, правилник за субвенционирање на клима уреди.

Мислам дека причините за замолченоста на опозицијата се повеќе, ама најголеми се две. Првата е разочараноста од составувањето на новата влада, што е зачудувачко со оглед на резултатот од изборите, иако не знам зошто, но огромен број на приврзаници на опозиција веруваа дека ќе направат влада. Како што напишав пред неколку недели, местото во наредниот период им е на клупата за резервни играчи.

РЕЗУЛТАТИТЕ

Резултатите кои ги постигнаа училиштата во изминатиот период е втората причина поради која опозицијата ја премолчи претходната седница. Аргументите им беа избиени од ракав, затоа што е неспоредлив периодот меѓу едното и другото владение. Најважната работа е тоа што се   одблокираа сметките во училиштата, вратените 4,3 милиони евра и овозможување на нормалните услови за функционирање на истите. За прв пат, после десет години, одблокирани сметки, мислам дека требаше да биде доволна причина опозицијата да  гласа ЗА завршните сметки на училиштата.

Огромните инвестиции во инфраструктурата на училиштата, потрошените над 220.000 евра само од општинскиот буџет, обезбедените илајдници евра од различни донации, подготовката за санирање на голем број школски дворови се само потврда дека образованието зазеде добар курс, а опозицијата буквално замолчи пред аргументите кои ги доби како материјали. Затоа, трендот мора да продолжи, да се прошири и да се надогради.

Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани