2win800x200

Ротаракт Широк Сокак донираше 4 тони храна за социјално ранливи семејства во Битола

Јануари 06, 2019

Ротаракт Широк сокак од Битола успешно ја реализирше  акцијата ‘’Играта продолжува со топол оброк’’, во која заедно со граѓанското здружение „Утешител“ за повеќе социјлано ранливи семејства донираше 4 тони храна. Донациите во текот на декември  се собираа на штандови поставени во неколку поголем маркет во градот, каде граѓаните купуваа нерасиплива храна и ја доствауваа до членовите на клубот. Викендов оваа храна заврши  во вистински раце.

 „Успеавме да направиме 60 новогодишни пакетчиња, и 60 пакети разновидна храна согласно потребите на семејствата и истите ги доставивме до нивните домови. Ви благодариме на сите кои несебично дониравте и  со тоа допринесовте заедно да ги стоплиме нивните срца и да внесиме радост во нивните души во овие студени денови. Исто така голема благодарност сакаме да изразиме и до Млекара Здравје, Радово која донираше 1500 литри јогурт,  благодарност и до  Веро, Тинекс и Ангро маркетите што ни овозможија да пристапиме на терен и да Ви ја презентираме нашата идеја. Без Вас, Вашата доверба и хуманост и без нашата упорност  и истрајност проектот немаше да  успее.  Ние како клуб сме горди што ја разбудивме емпатијата во секој од Вас и покажавме дека заедно можеме повеќе. Пораката е јасна, социјалната правда е основен концепт за мирен и просперитетен соживот за сите нас“, велат од Ротаракт Широк Сокак. 

naslovna rotari

rotari1

rotari2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани