2win800x200

Јазичен пасош за учениците од ОУ„Гоце Делчев“ додели Здружението за македонско-германско пријателство од Битола (фотогалерија)

Септември 26, 2018

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола денеска со креативна работилница намената за ученици го одбележа Европскиот ден на јазиците , којшто од 2001 година по предлог на Советот на Европа го слават 47 земји членки. Денешната работилница што се одржа во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ го поттикна интересот кај учениците за изучување на што е можно повеќе јазици зашто на тој начин светот станува заеднички без јазички бариери. На штандови наставници по англиски, германски и француски јазик им презентираа на ученици од ОУ „Гоце Делчев“-Битола како на наједноствен начин се изучува странскиот јазик.

Наставниците- презентери беа од повеќе училишта од општините Битола и Могила. На штандовите на учениците им се овозможи преку интеракција да ги поврзат знаењата на англискиот јазик со францускиот и германскиот јазик. Поврзување на слика со збор, а најмногу имаше поврзување со интернационализмите. Ова беше далеку од класична работилница, туку современа на која преку игра и поттикнување на имагинацијата се совладуваа странските зборови.

„Имаме уникатни идеи, затоа што планираме активности кои сами ги осмислуваме и целта на овој ден ни е да се покаже колку е важно да се владеат странските јазици, зошто тие ни отвораат нови врати, нови видици и можности. Со зборувањето на еден странски јазик се запознаваме со културата на таа земја, а со тоа стануваме свесни и за сопствената култура. Поентата на Советот на Европа е мултилигвализмот и согледување на разноликоста во јазиците и во културите“, рече д-р Валентина Илиева, претседател на „Здружение за македонско-германско пријателство и соработка“, воедно Почесен конзул на Република Австрија во Битола и универзитетски професор.

Илиевска смета дека Денот на европските јазици треба да се слави не само во библиотеките , туку и во сите училишта, затоа што со разбирањето на еден странски јазик секој човек може да се унапредува научно, професионално и општо во животот.

„Дури и како турист да патувате во друга земја колку е убаво да го знаете јазикот на таа земја“, потенцираше Илиевска.

Таа изрази благодарност до ОУ „Гоце Делчев“ за соработката што ја прифати понудата за реализирање на работилницата.

„Секое дете на работилницата доби белегзија со пораката од Советот на Европа во Стразбур ‘Зборувај со мене’ напишана на англиски, германски, француски, грчки јазик и други јазици. Исто така од самата работилница учениците решивме да понесат јазичен пасош. Прво на македонски јазик си ги пишуваат своите лични податоци, а потоа кога ќе ги апсолвираат сите вежби на јазиците , добиваат потпис и печат од наставниците. И тоа е нашата порака дека сите јазици се важни, а се надеваме дека за скоро и нашиот македонски јазик ќе биде дел од јазиците на Европската Унија“, потенцираше Илиева .

ОУ „Гоце Делчев“ се приклучи во работилницата за одбележување на европските јазици. Во ова училиште се изучуваат англискиот како прв странски јазик и францискиот или германскиот како втор странски јазик.

„Учествуваат ученици од петто и шесто одделение, активно соработуваат меѓу себе и се надевам дека убавите впечатоци   ќе ги пренесат на своите другарчиња. Ова не е наша прва заедничка активност, долго соработуваме со Здружението за македонско-германско пријателство и соработка, а исто така и со Библиотеката. Се надеваме на нови активности за скоро“, рече директорката на ОУ „Гоце Делчев“ –Битола, Билјана Стојковска.

42535172 1037992643051328 3400358331599028224 n

42547294 273059739988050 1196964598930997248 n

ova 3

42550413 330524321032074 4479541226328031232 n

42524117 2122910251359281 525237774035451904 n

42608074 473377296487995 605232179873579008 n

42669910 1706675109460318 4380710202031210496 n

42631144 1068364213342066 757913847725031424 n

42573052 1949939818385336 3373926647592910848 n

42649416 238428443506601 4595837838213251072 n

42585826 335607993854405 3847134371760832512 n

42570086 316278255617573 8404648014928412672 n

42539908 2079863858710656 5232177547088756736 n

42516571 316517905802384 9006344938501177344 n

42576308 1505479976220601 1640517755763425280 n

42560447 240236006669494 3863776214686629888 n

42471452 1029038593943297 6260966508202033152 n

42622048 884517188411678 1230174810777059328 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани