Во бизнисот веќе да нема „да му цркне на комшијата козата“

Ноември 20, 2017

„Во бизнисот да се надмине балканскиот синдром да му цркне на комшијата  козата бидејќи успехот на меѓународниот пазар не може да постои ако на комшијата му цркне козата, туку ако сите комшии заеднички настапат и го зголемат своето стадо од кози“, вака изразувајќи се фигуративно професорот Игор Неделковски, претседател на Фондацијата ГАУС го опшиша новиот проект БалканМед Е-бизнис страници.

Тој предвидува поврзување на извозно ориентираните мали и средни претпријатија од балканските земји Бугарија, Грција, Албанија и Македонија, проширена на Медитеранот со Кипар. Прокетот кој ќе трае две години е финансиран со 700 000 евра преку фондови на ЕУ и матичните држави.    

-Тоа што покажува успешни резулати е кластерирањето и трансферот на технологии. Малите и средни претпријатија е утврдено дека се тешко конкурентни да бидат извозно способни, односно да бидат активни на меѓународниот пазар. Затоа најдобрите практики кои доаѓаат од Северна Европа се дека малите и средни претпријатија треба транснационално да се поврзат и здружено да настапуваат кон трети пазари. Тоа се таканаречените кластери и тренсфер на технологија помеѓу членките на кластерите- рече Неделковски.

Тоа би значело  на пример, производот прво да се прави во Грција, другиот дел во Македонија, маркетингот да се направи во Бугарија, а дистрибуцијата преку Албанија и да се продава во Германија или на друго место.

Ваквото поврзување на компаниите во последните десет години беше во опаѓање, додека даваше одлични резултати во Централна и Северна Европа.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани