Претрес во Битола, запленети над 4.000 пиротехнички средства

Декември 29, 2021

 

Денеска на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на З.Т.(58) од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, по чл.396 од Кривичниот законик.
При претресот  биле пронајдени и одземени 4.274 петарди и распрскувачки материи, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани