Двајца малолетници повредни на „Партизанска“ во Битола со мопед удриле во „мерцедес“

Август 04, 2020

 

Вчера  во 22.20 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола мопед марка „ап-6“, управуван од 17-годишник, удрил во запрено моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник на мопедот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.  Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на незгодата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани