Приведен 61 годишен Холанѓанец кој во Битола го силувал своето дете

Мај 09, 2020

61 годишен Холанѓанец е приведен во Битола поради силување на неговото малолетно дете. Тој бил оженет за битолчанка, а брачниот пар живеел во Битола.

Неговата сопруга, во вторникот во полиција  пријавила дека на 07 април,  нејзиниот сопруг Н.С.(61) од Холандија, со привремен престој во Битола извршил обљуба врз нивното малолетно дете.

По насоки на јавниот обвинител пријавениот е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Битола.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани