Затворски казни и за управителите на превозничките фирми во случајот „Транспортер“

Март 31, 2020

Деветмина управителите на превозничките фирми од случајот Транспортер ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овласување со затворски казни од две до три години,а двајца управители добија условни казни затвор. 

-Тие составувале и доставувале фактури до училиштата  кои ја надминувале вредноста на договорите, а директорите на училиштатат ги примале фактурите кои иако биле потписници  и ја знаеле  содржината на договорите, а  воедно биле запознати дека за некои воопшто не е спроведена постапка за групна јавна набавка. Не само што ги прифаќале фактурите туку тие биле прокнижани како обврска на училиштатат, при што дел ги исплаќале, па доставувале извештаи до Општина Битола при што биле прифаќани со цел да бидат исплатени. За ова без јавна набвака се склучувани догвори за отстапување на побараувања, цесии, со кои Општината преземала обврска да ги исплати неоснованите обврски кон превозниците .Во овие договори воопшто не е наведено за кои фактури се склучуваат, рече при изрекувањето на пресудата судијката Добрила Кацарска 

Јорго Ивановски од превозничката фирма „Гопеш транс“ е осуден на казна затвор од 2 години и 2 месеца. Сашо Мицевски, управител на „Хера турс“, доби тригодишна казна затвор во која е пресметано и времето поминато во притвор.

Ариан Шабновски од „Џем турс“ е осуден на 2 години и 10 месеци, а обвинетиот Дејан Гугучевски од „Хера транс“ доби затворска казна од 2 години и 3 месеци.

Александар Стојчевски од „Лука експрес“ е осуден на 2 години и 8 месеци, Оливија Цвеќанцоска од „Марија турс“ е осудена на 2 годинин и 6 месеци.

Ристе Јошевски од „Турист превоз“ доби затворска казна од 2 години и 3 месеци, Новка Димовска од „Хера превоз“ 2 години и 3 месеци, а Џими Мицевски од „Џими Турс“ е казнет на 2 години и 6 месеци.

На обвинетите Јулијана Јовановска од „Боби турс“ и Маргарита Манаковска Чакаровска од „Транскоп патнички сообраќај“ судот им изрече алтернативна мерка, условна осуда ссо која за Јовановска е утврдена 2 годишна казна затвор која нема да се изврши доколку обвинетата во рок од 4 години по правосиланост на пресудата не стори ново кривично дело, за Маргарита Манаковска Чакаровска пак условната казна е 2 години затвор доколку во рок од 5 години не го повтори делото.

Пресудите не се правосилни и обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд.

Како што веќе објавивме од со одлука на Основниот кривичен суд од Скопје од фирмите кои прибавиле имотна корист преку случајот ,,Транспортер" ќе им бидат конфискувани 34 224 179 денари.

Од Друштво за превоз на патници ,,Боби турс" се конфискува износ од 3 026 242 денари. Од ,,Гопеш транс Јорго" 74 934 денари, од ,,Транскоп" 9 832 173 денари, од ,,Хера турс 8 061140 денари, ,,Џем турс" 5 287 499 денари, од ,,Хера транс"  600 611 денари, од ,,Лука Експрес" 2 832 906 денари, од ,,Марија транс" 1 737 774 денари,  од ,,Турист превоз" 628 939 денари, од ,Хера превоз Новка Дооел 607 075 денари, ,,Џими турс"1 477 562 денари . 

Доколку парите не можат да се конфискуваат од приватните фирми, ќе се одземат од физичките лица сторители на кривичното дело.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани