2win800x200

Притвор за Владимир Талевски доколку лажирал дека е болен, се закани Кацарска

Март 02, 2020

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, денеска не се појави во судница на судењето за случајот „Транспортер“, на кое беше предвидено обвинетите да ги дадат своите завршни зборови. 

Судијката Добрила Кацарска порача дека нема да толерира одлагања и развлекување на постапката на самиот крај. Затоа најави дека ќе се провери лекарската документација која ја доставил Талески, а доколку се утврди дека обвинетиот не е болен, тогаш рече дека ќе побара притвор за екс градоначалникот, објави Фокус.

Судењето за „Транспортер“ се одложи за во среда, а случајот се однесува за злоупотреби при организирањето училишен превоз во Битола.

Во „Транспортер“ освен Талески обвинети се и уште 22 лица поради злоупотреби на службената положба во врска со превоз на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани