Откриени злоупотреби кај превозници на огревно дрво

Јули 26, 2019

Од Секторот за внатрешни работи Битола, утврдени се одредени злоупотреби од превозниците (физички и правни лица) кои вршат транспорт на огревно дрво до купувачите со неиздавање на испратници за испорачаната дрвна маса која е жигосана со број на печат.

Од СВР Битола соопштија дека се преземаат соодветни мерки и активности за сузбивање на ваквите појави со поднесување на соодветни пријави до надлежното ОЈО. Повеќе детали не можат да соопштат во јавноста за да не наштетат на истрагата, но сакаат да апелираат до граѓаните во оваа сезона кога зачестена е доставата на дрва да бидат внимателни. 

 

„Бидејќи се работи за поголем обем на утврдени неправилности, за краток временски период, Секторот за внатрешни работи Битола превентивно сака да ја запознае јавноста, за граѓаните на Битола да бидат информирани дека при приемот на огревното дрво исклучиво да бараат соодветни испратници издадени со печат од Министерството за земјоделство и шумарство, а не наместо испратници да примаат друг документ како превозница (потврда за превоз или товарен листкои се интерени документи за самиот превозник“, стои во соопштението од Битолската полиција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани