2win800x200

Набрзина доделена наградата „4 Ноември“

Октомври 19, 2017

На два дена пред избори досегашната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, набрзина го избра годинешниот добитник на Наградата за животно дело „4 Ноември“ во Битола, која традиционално секоја година ја доделува општината на заслужни битолчани.

Одлуката ја донесе Комисијата за доделување на наградата, предводена од досегашната претседателка на Советот, Силвана Ангелевска, во која мнозинство имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Одлучено е Наградата за животно дело да му се додели на професорот во пензија, водено македонски фолклорист, етнолог и лингвист Трајко Огненовски. Со ова од игра испадна македонскиот композитор и текстописец Петар Георгиев-Калица, автор на антологиската песна „Ако одам во Битола“.

Од досегашната опозиција во Советот, која во иднина ќе ја формира локалната власт оти ги доби изборите во прв круг, коментираат зошто се брзаше со донесување на одлуката кога  остануваа уште дваесетина дена до 4 Номеври. Тоа е денот на ослободувањето на Битола и редовно се доделуваат награди за животно дело и едногодишни остварувања.

-Поради дилемите и несогласувањата на изборот на наградениот, предложивме на тројцата кандидати да им се дадат признанија и да се тргне сомнежот дека власта во заминување сака „на врат на нос“ да избере и да награди свој близок човек за добитник на наградата за животно дело. Но, го искористија вакуум просторот со смената на власта и промените во Советот и побрзаа 20 дена однапред да донесат одлука – вели Александар Касапов, досегашен советник од ЛДП.

Сепак, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, членови во Комисијата инсистирале да се гласа, под изговор дека можеби локалните избори за градоначалник во Битола ќе имаат и втор круг, па ќе нема кој да одлучува.

– Се сметаше дека ќе има втор круг на овие локални избори и дека ќе се пробие рокот за избор на добитник на наградата за животно дело „4 Ноември“. Гласањето беше тајно и без инсистирање – вели Соња Трпезановска од ВМРО-ДПМНЕ, член на Комисијата.

Трајко Огненовски, годинешниот добитник на Наградата за животно дело, има објавено повеќе од 150 научни трудови од областа на македонската книжевна и културна историја, фолклористиката, етнологијата и лингвистиката. Посебна научна преокупација му е истражувањето и проучувањето на хуморот во македонскиот фолклор. Огненовски своевремено беше секретар на Друштвото за наука и уметност од Битола, најстарата организација од таков вид во Република Македонија, а подоцна беше и професор на Педагошкиот факултет во Битола. Тој е татко на актерот Сашо Огненовски, кој во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше директор на Битолскиот театар.

Минатата година наградата за едногодишно остварување му беше доделана на Здружението на пензионери од Битола, чиј претседател беше Томе Илиоски, татко на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани