"Југо" без возач падна во Драгорот

Јули 25, 2018

Автомобил марка „југо“ претпладнево падна  во реката Драгор,а според очевидци во автомобилот немало возач. 

Југото било паркирано пред продавница на „Булевар 1ви Мај“ над кружниот тек кај месноста Црн мост, а возачот излегол да купи нешто во продавницата. 
 
Се слушнал силен трескот, по што возачот и очевидци го виделе автомобилот во реката. 
 
Од полицијата за апла.мк го потврдија настанот, нивна екипа во моментот врши увид, а  според првичните информации нема жртви ниту повредени. 
 
jugo2
 
jugo3
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани