Директно

Комисијата за образование , наука и спорт беше усвои потребата од донесување на Предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола.

Предлагачи на овој закон се пратениците од редовите на СДСМ:
1. Ненад Коциќ
2. Жаклина Лазаревска
3. Бети Рабаџиеска Наумоска
4. Миле Талески.
 
Во образложението пратениците наведуваат дека со основањето на Мединцински факултет како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски" во Битола ќе се постигне висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат лекари, обезбедувајќи ги потребните знаења и вештини, придонес во истражување и иновации во областа на медицината што може да вклучува нови технологии, лекови и терапии повлекување на истражувачки проекти и активности што ке придонесат кон напредокот на медицинската наука и пракса.
 
Создавање на квалитетни здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Исто така ке се  придонесе  во создавањето на нов и стручен кадар, подобрување на
здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.
 
Овие цели помагаат во изградбата на квалитетен медицински систем и
обучување на лекари кои можат да одговорат на здравствените потреби на
заедницата и заедно создаваат здравствен систем што не само што ке ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ке придонесуват кон напредокот и здравјето на општеството.
 
Бараме Факултетот  да  почне со работа од академската 2024/2025година , а  предлагаме единици во состав на Факултетот да  се :
1.Отсек Општа медицина;
2.Отсек Стоматологија;
3.Отсек Фармација и
4. Висока медицинска школа.
 
Наставните бази на Факултетот предлагаме да се:
1. Клиничка болница Битола
2. Специјална болница за кардиолошки заболувања„Свети Стефан“ Охрид
3.Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид
и
4.Специјална болница за нефрологија Струга

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани