2win800x200

Никола Свенчев по четврти пат го фати Светиот крст во Битола

Јануари 19, 2022

Никола Свенчев е најсреќниот учесник на традиционалната манифестација фаќање на светиот крст во светите води на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Свенчев како еден од триесеттината битолчани успеа прв да го пронајде крстот што во водата во црковниот базен го спушти митрополитот преспанско-пелагониски и адиминистратор австралиско-новозеландски г. Петар.

-Шести пат скокам по крстот, а четири пати сум го фатил во светите води. Ова е Господова волја и затоа во моите раце е светиот крст, истакна Свенчев кој првпат на црковната манифестација за Водици учествувал во 2011 година, кога прв пат го фатил крстот, а тоа му успеа и денес.

Според востановената традиција, битолчани по завршувањето на богослужбата полнеа вода за здравје од осветената вода во црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, но и од другите цркви и манастири на Преспанско-пелагониската епархија.

извор: https://mia.mk/

 271282807 1017737272289230 4743657791991260323 n

271384955 322231369807446 2001867091014252492 n

271301269 258879886378307 1297603704472253649 n

271523863 327541569383346 1621584890958503100 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани