2win800x200

Од пандемијата трпи и менталното здравје, рече Гагачовска на научно- стручниот собир во Битола

Ноември 10, 2021

Една позната изрека вели не преживува најсилниот, туку најадаптибилниот, токму затоа треба да се адаптираме на мерките за заштита од ковид кои ја спречуваат трансмисијата, да се вакцинираме и да ја прифатиме новата реалност, рече Др. Билјана Гагачовска, специјалист психијатар која зборуваше на научно-стручниот собир во организација на Македонското научно друштво од Битола. Собирот што се одржа во Универзитетската библиотека беше на тема „Влијанието на пандемијата врз науката- искуства и примери на професионални предизвици во општеството“. На него беа презентирани 17 трудови од 28 автори, а Гагачовска зборуваше во пленарниот дел за тоа како ковид-19 влијае врз менталното здравје на луѓето.

„Се соочуваме со нови ситуции на кои е потребно да се адаптираме. Се јавува кај сите нас стравот од непознатото, кој се уште е секојдневие во нашите животи, трпеше и трпи здравјето. Предизвикува влошување и проблеми на менталното здравје. Може да се јави страв до степен на параноја од заразување и крајно најтешкиот страв кој е најдоминантен, од смртта. Стравот имаше и реални основи, покрај тие параноидности кои се појавија на почетокот од страв од заразата, со затворањата и карантините, доведе до затворање на бизнисите, па до страв од загуба на работата. Осаменоста, пак, додведе до појава на депресивност. Со непочитувањето на правилата за заштита се придонесе за трансмисија на вирусот, па кај дел од граѓаните доведе до доминантно чувство на вина, кое ако не биде канализирано доведува до појава на депресивни состојби. Зголемена е појавата на депресивни растријства кај лица кои претхоно не биле подложни и немале генеза за појава на такви растројства“, рече Гагачовска.

Во обраќањето проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола рече дека Светскиот ден на науката, по чин повоид беше организиран и научниот собир, не го дочекуваме со многу оптимистички индикатори.

„Годинава се објави најновиот извештај на УНЕСКО за развојот на науката во целиот свет кој се објавува еднаш на пет години и податоците за Македонија се поразителни. Имавме намалување на инвестициите во науката, има намалување на бројот на вработени во секторот на науката, изнесува 799 на милион жители, долго време не се финансираат работни места во научното друштво, имаме намалување во сите индикатори, за жал науката и понатаму се смета за јавна потрошувачка, а не за капитална инвестиција“, рече Неделковски.

На собирот со свои излагања се преставија повеќе професори и експерти од различни области кои говореа за влијанието на пандемијата врз образованието, здравството, бизнисот, медиумите и друго. Делата ќе бидат испечатени во книга.255238056 307230527913197 815847033614978238 n

gordana

Д-р Гордана Балтовска, член на МНД како и член на Управен одбор на Стопанска банка- Битола имаше излагање на тема „Предизвиците од ковид кризата - Професионални предизвици во банкарството“.

 

255305334 4460648084054818 1070965292724836943 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани