Фото: Коњановски стапи на функција, на Петровска ѝ подари букет црвени ружи

Ноември 10, 2021

1jpg

Новиот градоначалник Тони Коњановски со неговите соработници дојдоа пеш на примопредавањето на функцијата во Општина Битола. 

2jpg

Во Општината беше пречекан со аплаузи од дел од вработените. 

3jpg

4jpg

Во градоначалничкиот кабинет влезе со букет црвени ружи кој ѝ ги подари на Петровска. 

5jpg

Прв разговор со екс градоначалничката Наташа Петровска во градоначалничкиот кабинет 

11jpg

12jpg

Тимот на Коњановски: Борче Димитровски, Пеце Милевски и Викторија Христовска 

9jpg

7jpg

8jpg

,,На мојот наследник му оставам стабилна финансиска општина  со 4.2 милиони евра за разлика од мене која наследив долгови. Не можам да му оставам картичка за ручеци зашто никогаш не сум ја имала, и она што како ексклузивитет сум го имала во изминатиот период, а тоа е користењето на сопствено возило за доаѓање на работа и движењето пеш без телохранители", рече Петровска. 

Таа рече дека од тие 4.2 милиони евра што ги остата, во најголем дел се пари за да се довршат проектите кои ги започнала, а за кои има  склучени договори, некои се во изведба,  а други пред воведување во работа.  Од продажба на градежно земјите што го извршиле,  во следниот период  треба да влезат дополнителни 2 милиони евра во буџетот на Општината.

,,На сите кои се занимаваат со политика им порачувам да имаат мудрост покрај здравје, таа е многу битна кога носите одлуки кои и тоа како влијаат врз животот на останатите за кои ги водите политиките", рече Петровска и додаде дека  стои на располагање со своето искуство во водењето на Општината да му помогне на идниот градоначалник.

 

 13jpg
 
,,Ќе настојувам да ги продолжам проектите кои се во реализација. Искуствата на Петровска што ги имаше во 4 годишното работење ќе настојувам да ги применам  и нема да се ограничувам да се слушнеме, да се консултираме. Тоа доликува на цивилизирани граѓани и Битола само така ја препознавам како град во кој сите треба да живееме. Од вработените очекувам поддршка и многу работа без делби и фаворизирање. Ќе ја користам помошта на секој што е стручен и има знаење", рече Коњановски. 
14jpg
Петровска му подари информатор-отчет за сработеното, печатено издание до 96 страници за се што сработила во изминатите 4 години, пенкало за да потпишува добри договори за Општина Битола и клучевите од кабинетот. 
15jpg
 16jpg

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани