2win800x200

Нивото на водата во Преспанското Езеро за една недела се зголеми за 4 цм

Јануари 11, 2021

 

За 4 цм се зголеми водостојот на Преспанското Езеро за само една недела. Поради долгиот сушен период нивото на водата во езерото е загрижувачко, затоа што е  44 цм под апсолутниот минимум измерен во 2008 година.  Иако водостојот  е зголемен  за само 4 цм, врнежите се добредеојдени по долгиот сушен период.  

Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата кај сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите, а во однос на вчерашните податоци има покачувањр на река Црна кај Новаци од 100 цм.  

Од УХМР предупредуваат дека се очекува  сите водостои кај водотеците и езерата и понатака да бидат во покачување, а  меѓу критичните реки е и Црна. 
Предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани