2win800x200

30 хоспитализирани на Инфективна, починати битолчанец и ресенчанец

Јануари 05, 2021

 

Од ден на ден се намалува бројот на хоспитализации на Инфективното одделение во Битола, во моментов тој број изнесува 30 пациенти, и за 5 хоспитализации помалку од вчера. 

Првите денови од новата година донесоа нови пооптимистички бројки за справувањето на битолчани со ковид кризата. Од Битолската клиничка болница велат дека за повеќе од половина е намалена бројката на ковид позитивни битолчани што отишле на преглед во Ковид центарот, а за речиси 20 проценти  падна бројката на прегледи на  суспектни на Ковид-19. Во декември се намали и бројот на хоспитализации, како и бројот на починати од компликации од вирусот. Сепак здравствените власти стравуваат од нов бран заради празниците и поголемата раздвиженост на граѓаните.

„Денеска имаме 30 хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение во Битола. Оваа бројка е од пред Нова година а се задржа и сега. Во Тријажниот дел на Ковид центарот, каде се прегледуваат суспектни на Ковид-19, бројката на прегледи е намалена за 19 проценти од пред Нова година, додека во ковид позитивниот дел таа бројка е намалена за 51 процент. Сепак бројките се променливи на дневна основа  и останува да видиме како ќе биде после 10 јануари“, изјави д-р Билјана Гагачовска.

На Инфективното оддление во Битола ноќеска починаа битолчанец на 73 години и ресенчанец на 72 годишна возраст 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани