2win800x200

Уште 1800 гранати од Првата светска војна пронајдоа приотехничарите кај Стадионот под Тумбе Кафе во Битола

Ноември 19, 2020

Четворица пиротеничари од Дирекцијата за заштита и спасување вчера и денес пронајдоа уште 1800 артилерсики гранати на местото каде се изведуваат градежни работи кај Стадионот под Тумбе Кафе,. Станува збор за истата локација  каде пред две недели беа пронајдени 600 вакви неексплодирани убиствени средства.

Активностите беа прекинати на почетокот на месцот, затоа што се очекуваше механизација, а пиротехничарите вчера продолжија со отстранување на овие гранати со калибар од 75 мм.

Вкупниот број на пронајдени на артилериски гранати, сега изнесува 2400 парчиња Активностите продолжуваат и утре, а пиротехничарите велат дека најверојатно има уште толку од овие опасни неесклодирани убистевни   средства. 

ДСЗ ги собира гранатите во магацин во Битола, но сега тој е обезбеен со физичко присуство, откако медиумите објавија за опасниот начин на нивно чување. Се чека термин за нивно уништување на воениот полигон Криволак. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани