2win800x200

Драма на Инфективно во Битола-35 годишниот пациент пред да почине избегал од болница

Ноември 19, 2020

 Вистинска драма се случувала синоќа на Инфиктивно во Битола, откако пациент ја напуштил болницата, по кратко време бил вратен назад па починал. Со детали за несреќниот настан информира Министерството за здравство.

-Пациентот 35 годишен од Битола, на 13.11. се јавил во тријажна амбуланта, со симптоми на покачена телесна температура, кашлица, без РТГ наод за промени. На пациентот му била дадена терапија и дадена препорака за изолација и закажување преку матичен лекар. На 16.11. повторно се јавил на преглед, дадена ампуларна тераппија, но поради прогресија на наодот, тешко дишење, температура, РТГ појава на бронхопневмонија истиот бил хоспитализиран во суспектни пациенти. На 17.11. е земен брис и е добиен КОВИД позитивен резултат. Пациентот на 18.11. предпладнето кога се делел ручекот избегал од КОВИД 19 одделот каде и бил хоспитализиран. За бегството било известено болничкото обезбедување, МВР и директорот на КБ Битола како и епидемиологот. Во 18:02ч пациентот бил донесен со возило на ИМП и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен, тахидиспноичен, хипотензичен со немерливи витални параметри, немерлива сатурација, со пена на устата и изразена цијаноза. Според кажувањата на медицинската екипа од ИМП пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел по што семејството повикало ИМП кои веднаш дошле во домот и ординирале терапија која немала ефект по што е донесен на инфективно одделение. Од страна на дежурната екипа на КОВИД одделот биле превземени реанимациони мерки, но без поволен терапевтски одговор. Во 18:45 часот настапила смртта со клиничка слика на тешка кардиореспираторна инсуфициенција и престанок на работа на срцето. Во системот не постојат внесени коморбидитети..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани