Петровска со цвеќе и поклон пред споменикот на Мисирков во Битола

Ноември 18, 2020

По повод 146 годишнината од раѓањето на кодификаторот на македонскиот литературен јазик Крсте Петков Мисирков, градоначалничката Наташа Петровска денес положи цвеќе пред неговиот споменик во Градскиот парк во Битола. Таа на својот фејсбук профил напиша: „Поклон кон човекот кој своевремено не' потсети на аманетот ‘Јазикот јет наш долг и наше прао’. Таа напиша дека во нејзината домашна библиотека една од најомилените книги ѝ е токму „За македонцките работи“ од Мисирков, од која има едно од најстарите изданија.

„Книгата прикажана на сликата, е првото издание на неговото епохално дело ,,За македонцките работи'' по Втората светска војна (второ по ред од она кое е издадено во 1903). Една од најомилените во мојата домашна библиотека“, напиша Петровска на фб профилот. 

Во чест на авторот на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, чие име го носи и основното училиште во селото Бистрица, свежо цвеќе, положи и директорката на училиштето, Татјана Апостоловска Ѓорѓиевска, во придружба со неколку претставници од наставниците.цвеке

цвеке 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани