2win800x200

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ избришан од Централен регистар

Март 22, 2023

Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од  Битола доцна попладнево е избришан од Централниот регистар, откако точно пред една недела, министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое   се одби барањето бугарското  здружение    да го користи името на оваа контроверзна личност. 

Централен регистар денеска постапи по одлуката на Лога,  која  доаѓа откако Владината Комисија за употреба на имиња, даде негативно мислење затоа што  именувањето на здружение со името на Ванчо Михајлов, близок до фашистичката идеологија   е навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ.

Бугарските клубови  имаа  рок до 16 февруари   да ја усогласат   работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што  се поврзуваат со  национална, етничка нетрпеливост, геноцид, поддршка на нацизам и фашизам, а вакви елементи не смее да има ниту во целите и програмата. Но, претседателот на Клубот, Љупчо Георгиевски, рече дека нема намера да го менува името Ванчо Михајлов и најави дека правата ќе ги бара пред судот во Стразбур.

Бугарскиот културен клуб во Битола згаснува по речи една година, откако беше отворен лани во април во  април во присуство на целиот државен врв на Бугарија. Името на здружението предизвика бура реакции во јавноста, посебно затоа што станува збор за близок соработник на фашистите, а седиштето на здружението е во центарот на градот,  каде се наоѓаше некогашното Еврејско маало. Сега клубот ќе мора да ја отстрани и таблата со називот  Ванчо Михајлов која се наоѓа  на објектот  на улицата Рузвелтова

За здружението Ванчо Михајлов  постапка поведе и Комисијата за заштита од дискриминација, по претставка на битолските Борци,  но тоа не ги спроведе   нивните препораки и не  да ги отстрани спорните содржини од името, програмата  и од социјалните мрежи, поради што е  поднесена  прекршочна пријава, а судењето е закажано за 4 април. Обвинителството постапува и по кривична пријава за претседателот на клубот, кој е осомничен за ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани