Битолчанецот Мерт прв на државен натпревар по кларинет

Мај 23, 2022

11-годишниот битолчанец Мерт Рустемов, ученик во петто одделение во „Даме Груев“ и четврто во Нижо музичко училиште освои прва награда на Државниот натпревар за основните училишта по кларинет. Мерт вели дека има голема желба да стане врвен музичар и за тоа вежба секојдневно. Мотивација му дава и неговиот професор Спире Јовановски.

„Се надевем дека ќе продолжам да го надоградувам мојот талент, со максимални сили ќе се вложам во новите предизвци во следниот период, а најмногу се потпирам на знаењето што ми го дава професорот по кларинет Спире Јовановски“, вели Мерт.

мерт

Неговите родители Рамадан и Алмира велат дека кај нивниот син од мали нозе ја воочиле љубовта кон музиката, па го запишале во Нижото музичко училиште. Таму Мерт самиот избрал да свири кларинет.

„Мерт е многу талентирано момче. Од мали нозе сакаше да биде фудбалер, па тренираше во битолскиот фудбалски клуб ‘Талент 2010’, на два натпревари, едниот во Прилеп , а другиот во Грција стави и голови, притоа носејќи ја и победата во Прилеп. Потоа забележавме дека го привлекува уметноста, посебно музиката, а неговата посветеност се гледа и преку наградите што ги освојува“, велат родителите.

Лани доби и улога во филм која се состоеше да води куче кое имаше посебни задачи, па добро се снајде и во глумата. Како младо момче има многу соништа, а очигледно дека овој млад уметник е талентиран за многу области.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани