Младите ротаријанци од Ротаракт клубот „Широк Сокак“ со донација во постелнини и други текстилни материјали ги подновија одделенијата каде на свет доаѓа приновата во градот, Гинеколошкото одделение и Одделението за неонатологија при Клиничка болница во Битола. Донацијата е во вредност од 1300 евра односно 80 000 денари и се состои од постелнини, и тоа јоргани, перници, заштитници за душеци, баљарки, крпи со висок квалитет.

Како што изјави портпаролката на болницата Сузана Конеска, со ова се покрија потребите од ваков тип на постелнини и други материјали на овие две одделенија.

Менаџерскиот тим на Клиничката болница Битола во свое име и во име на пацинетите им се заблагодари на донаторите и изрази надеж дека соработката со Ротаракт клубот „Широк Сокак“ од Битола, предводен од претседателот Јане Велковски, ќе продолжи и понатаму.29196925 1966338500351256 6695565796388634624 n29244225 1966338603684579 2103703130796457984 n29261494 1966336200351486 1793882254695464960 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани