Суспендирани двајца полицајци од СВР Битола, а еден заработи кривична пријава за неоснована употреба на физичка сила

Септември 25, 2020

Двајца полицајци од  СВР Битола се суспендирани од работа, а еден од нив заработи кривична пријава за прекумерна употреба на физичка  сила во слуачјот со битолските Роми, кои по сообраќјна незгода беа брутално тепани од полициските службеници. По видеото кое беше објавено на социјалните мрежи МВР го осуди насилството од страна на полициските службеници, а  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес на прес конференција, рече дека тоа строго ќе се санкционира

-Денеска Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против П.Г., полициски службеник вработен во СВР Битола поради основано сомнение дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на служба предвидено во чл. 143 од Кривичниот законик поради неоснована употреба на физичка сила врз Ј.Н. од Битола. Воедно против истиот полициски службеник е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место. И против полицискиот службеник К.Г. кој непосредно бил присутен на местото на настанот и не преземал мерки за спречување на неоснованата употреба на физичка сила е поведена дисциплинска постапка и е суспендиран од работното место.  Министерството за внатрешни работи остро осудува било каков случај на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник и тоа строго се санкционира. Ниту еден ваков чин не може да се оправда! Министерството за внатрешни работи вложува многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и покажавме дека нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните, која ќе биде во функција на нивна поголема безбедност, рече Спасовски на прес конференција 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани