2win800x200

Седумте заболени во Битола се на возраст од 23, 29, 42, 53, 57, 63 години

Август 06, 2020

Пет лица од 7 новозаболени се семејни кластери, информитаат од ЦЈЗ. Во  Битола има 153 регистрирани позитивни лица, а  во моментот 70 се активни случаи. 

 
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 9 нови случаи на COVID-19:
 
- 7 во Битола (на возраст од 23, 29, 42 (х2), 53, 57 и 63 години, 5 лица се поврзани со веќе регистрирани позитивни лица од најблиското семејство);
- 2 во Демир Хисар (лица на возраст од 70 и 75 години, и двете лица даваат податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство).
 
Вкупниот број на активни случаи на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола изнесува 223:
- Битола 70
- Кичево 99
- Ресен 23
- Д. Хисар 31
 
Во Ресен и Кичево нема новорегистрирани лица.
 
Денес регистрирани се и 5 оздравени лица (2 од Ресен, 1 од Демир Хисар и 2 од Битола).
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани