36 годишна прилепчанка жртва во вчерашната сообраќајка кај Тополчани

Јули 21, 2020

На 20.07.2020 во 15.30 кај крстосницата за с.Тополчани, прилепско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно возило „фиат дукато“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(50) од Прилеп, патничко возило „ауди 8“, со бугарски национални ознаки, управувано од Т.Б.(22) од Битола и патничко возило „фиат добло“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.М.(19). Во незгодата, на лице место починала сопатничката од возилото „фиат добло“, В.В.(36) од Прилеп. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека Т.Б., сопатникот од возилото „ауди 8“ Н.Д. и К.М. биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид изврши увидната екипа на Полициска станица Прилеп.

 Сопатникот во возилото Ауди А8, на возраст од 19 години, најпрвин бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.

Веднаш по извршениот увид, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување траги и предмети кои можат да послужат како доказ за утврдување на причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани