21 битолчанец во моментов боледува од коронавирусот од вкупно 55 позитивни на КОВИД-19

Јули 04, 2020

 

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 03.07.2020 година земени се вкупно 1198 брисеви за COVID-19 (610 по епидемиолошки индикации, 258 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг).

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 215 лица, од кои 55 се со место на живеење во Битола, 40 во Кичево, 2 во Демир Хисар и 118 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 149 лица болеста е во тек (21 од Битола, 34 од Кичево, 93 од Ресен и 1 од Д.Хисар), 61 лице се оздравени и кај 6 лица болеста имаше смртен исход.

Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек (149 лица), 32 лица се хоспитализирани.

Во Микробиолошката лабораторија при ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола од 23.06.2020 до 30.06.2020 направени се вкупно 227 тестирања за COVID-19 (101 за лица од Битола, 53 од Кичево и 73 од Ресен).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани