2win800x200

,,Ѕвончиња" испеаја детска химна за Битола, промоција утре во 20 часот на јутјуб

Мај 09, 2020

 

Инаку, Понесени од љубовта кон својот град Битола и мисијата на детскиот хор ,,Ѕвончиња" : “Ние пееме за еден поубав и подобар свет", минатата година во студио “ Момировски ” е снимена првата детска химна на градот Битола.

Музиката е на нашиот битолчанец, композиторот Николче Мицевски, а текстот е на Марина Коруновска и Маја Митровска.

,,Планиравме со голем концерт на детскиот хор 'Ѕвончиња' да направиме промоција на химната, но поради настанатата ситуација тоа не беше возможно. Го избравме овој начин да им ја подариме песната на сите битолчани и Македонци, каде и да се во светот. Секое дете во домашни услови го сними својот глас а придружувани се од Александра Јанковска – пијано, Томе Спасовски- бас гитара, Александар Гацоски- кахон и нашиот ученик Андреј Стевановски – гитара ", вели Марина Коруновска, раководител на детскиот хор ,,Ѕвончиња”.

Прмоцијата на детската химна ќе се одржи утре,  недела,  во 20.00 часот.  Ќе биде промовирана со livestream на youtube на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=PCwVZvTnclA&fbclid=IwAR30qn1GOuUvNBSV6veFWn6IAhRCnhh-ED0pRf4vltK0hvbxgKMqk77exCk Проектот е подржан од Бимилк  и Општина Битола, а наскоро се најавива и видео спот со убавините на нашата Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани