Се повеќе млади луѓе се повредуваат на работно место поради неискуство

Мај 26, 2023

И во европски рамки, но и кај нас коефициентот на повреди кај младите луѓе е за 40 отсто повисок за разлика од возрасните работини групи што е доста алармантно. Процентот се должи на недоволната информираност на младите во однос на безбеднопста и заштитата при работа при првото вработување. А втората работа е што младите не обрнуваат многу внимание на оваа тема, а мора да се посочи и недоволната присустност на безбедноста како тема во курикулумите од најмала возраст, па се до академското образование, рече Алекасандар Тодоровски од МКЦ Битола, кординатор на проектот „ Безбедност и здравје при работа за млади” за време на завршната конференција во Битола.

Целта на оваа завршна конференција беше во финалната фаза од проектот да се вклучат сите релевантни чинители и да се споредат постоечката политика и реалната состојба за безбедност и здравје при работа за млади како и влијанието на активностите кои се преземени во средните стручни училишта во Битола. Финалните препораки од Конференцијата за унапредување на политиките и практиките за безбедност и здравје при работа за млади ќе бидат испратени до Министерството за образование и наука и други релевантни институции.

           

На настанот свое обраќање во однос на Безбедноста и здравјето при работа со фокус на млади имаа Гордана Ноческа- Стручно лице за БЗР од Логaритам ДОО Прилеп на тема “Подобрување на безбедноста и здравјето при работа на младите работници” и Ред. Проф. д-р Иво Кузманов од Технички Факултет – Битола на тема “Безбедност и здравје при работа за млади”.

„Најголем причинител на повредите е невниманието, особено кај младите лица, кај повозрасните лица искуството прави да занамруваат голем број фактори. Најголем број на повреди процентуално има кај најискусните вработени, 50 плус години, пред фаза на пензионирање кога мислат дека знаат се и тогаш се случува онаа критична повреда. Кај младите повредите се помалку како бројка, како резултат на невнимание, но повредите се потешки неискуството си го прави своето“, рече Кузманов.

Тој додаде дека професијата заштита при работа станува дефицитарна. Од 908 стручни лица во Македонија дури 98 проценти се над 40 години и се при крај на работниот век. Многу малку лица се занимаваат со оваа професија, а вакви експерти треба да има по сите компании кои работат со производство.

Младински културен центар - Битола во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во реализацијата Националната стратегија за безбедност и задравје при работа 2020 на локално ниво, но и да ги вклучи сите релевантни чинители на локално ниво најмногу во интерес на креиреањето на безбедни работни места за младите при нивното вработување. Општата цел на проектот е подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа, додека специфични цели се: подигнување на свеста за значењето на безбедноста и здравјето при работа кај средношколците, подобрување на нивото на знаење за улогата, потребата и значењето на безбедни и здрави работни позиции и развој на култура за превенција кај средношколците и учество во реформските процеси за безбедност и здравје при работа во средните стручни училишта.

Овој проект е дел од проектот “Подобрување на работните услови и безбедноста и здравјето при работа како поддршка на земјите од Западен Балкан за пристапување кон Европската Унија„ финансиран од ЕУ, имплементиран од Македонското здружение за заштита при работа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани