2win800x200

Битолската боречка организација го одбележа 29 Ноември

Ноември 29, 2022

На 29 ноември 1943 г. во градот Јајце, Босна и Херцеговина, се одржало Второто Заседание на Антифашистичкото Собрание (Веќе) на Народното Ослободување на Југославија (АВНОЈ).

АВНОЈ било највисоко политичко и претставничко тело на антифашистичката борба. Меѓу делегатите имало членови и приврзаници на Комунистичката партија на Југославија, на Хрватската селанска партија, на Муслиманската заедница, од Партијата на христијански социјалисти, од Партијата на самостојни демократи, од Радикалната партија, од Српската земјоделска партија... Имало и делегати од Македонија, не тие не биле присутни на Заседанието. Со заседанието претседавал Иван Рибар, а во работното претседателство биле: др Јосип Видмар, др Павле Грегориќ, др Воислав Кецмановиќ, лекарот Иван Милутиновиќ, православниот свештеник Владо Зечевиќ, лекарот Златан Сремац, Сулејман Филиповиќ и Сретен Жујовиќ. Со своите решенија ја конституирале нова Југославија како федеративна држава составена од шест републики, на пет нации.

Со тоа се прекинал континуитетот со Кралството Југославија, во кое не било признато постоењето на македонскиот народ.

Македонија била прогласена за држава конститутивна членка на југословенската федерација. Се донеле одлуки со кои биле конституирани највисоките органи на државната власт на Демократска Федеративна Југославија, односно бил формиран Национален Комитет за Ослободување на Југославија како највисок извршен орган на власта, односно како орган за да ги извршува одлуките на АВНОЈ до формирањето на влада по ослободувањето на земјата. Ги имало сите прерогативи и овластувања на Привремена влада на ДФ Југославија. Освен претседателот Јосип Броз Тито и тројцата потпретседатели, имало повереници што ги раководеле одделните поверенства што извршувале задачи на извршни ресорни органи на власта. За потпретседатели на АВНОЈ биле предложени Димитар Влахов и Владимир Поптомов, кој не ја прифати функцијата. Одлуките на Второто заседние на АВНОЈ биле основа за конституирањето на Македонија како посебна држава во југословенската федерација.

Во Решението за изградување на Југославија врз федеративен принцип донесено на Второто заседание на АВНОЈ се вели:
1) Народите на Југославија никогаш не го признавале и не го признаваат распарчувањето на Југославија од страна на фашистичките империјалисти и ја докажаа во заедничката вооружена борба својата цврста волја и натаму да останат обединети во Југославија.
 
2) За да се оствари принципот на сувереноста на народите на Југославија, за да претставува Југославија вистинска татковина на сите свои народи и за да не стане никогаш веќе домен на која и да било хегемонистичка клика, Југославија се изградува и ќе се изгради врз федеративни принципи, кои ќе им осигурат целосна раммоправност на Србите, Хрватите, Словенците, Македонците и Црнорорците, односно на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
 
3) Во согласност со таквата федеративна изградба на Југославија, која се темели врз најцелосни демократски права е фактот што веќе сега, во времето на Народноослободителната борба, основните органи на народната власт кај одделни народи на Југославија ги прететавуваат народноослободителните одбори на земските антифашистички собранија на народното ослободување.
 
4) На националните малцинства во Југославија ќе им се обезбедат сите национални права".
 
Пo тој повод денес во името на ОО на СБМ-Битола цвеќе положи претседателот Стефан Бошков.
 
FB IMG 1669736617681
 
FB IMG 1669736611820
 
FB IMG 1669737169892
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани