Демаскирање дезинформации

Пишува: Жаклина Цветковска

Сензационалистички и непоткрепен со ниеден доказ е насловот на текстот објавен на порталот maktel.mk, со наслов „ЃУБРЕТО ПАНЧЕВСКИ ФАТИ ЏАДЕ ВО БУДИМПЕШТА КАЈ СВОЈОТ ШЕФ: Панчевски во бегство, полицијата не го пронашла во неговиот дом?“, во кој се изнесени навреди, недолични за професионалната новинарска работа, како и тврдења за кои нема никакви факти во јавноста.

Пишува: Шефкије Аласани

Рецензираме вест објавена на порталот „Арена“ на  09.07.2020 со наслов: Трубат за законот за албанскиот јазик, но функционерите на ДУИ не го кријат копнежот по македонскиот јазик.  Насловот на овој напис е субјективен и тенденциозен и се коси со еден од основните принципи на новинарството, кој вели:

Пишува Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со наслов „Заев не и дозволил на Нина Ангеловска да си даде оставка?!“, кој е полн со шпекулации, непоткрепени коментари и тенденциозно заземање страна кога се пишува за работата на министерката за финансии, што е во целосна спротивност со етичките новинарски принципи.

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот Охрид 24  на 10 јули, под наслов „(ФОТО) Розевиот свет на Константин Георгиески“.

Уште со самиот наслов авторот се обидува да го дискредитира градоначалникот на општина Охрид, саркастично и иронично  нарекувајќи го „розевиот свет на Константин Георгиески“.

Во веста која повеќе наликува на партиски коментар пишува:

Пишува: Жаклина Цветковска

Фаворизирање на еден и дискредитирање на друг политички субјект провејува во текстовите што го рецензираме, објавени на порталот centar.mk, на 08.07.2020 година, во речиси ист тајминг и со речиси идентична содржина.

Пишува: Ардит Рамадани

Рецензираната вест најпрво се објави на порталот  “Pa censurë (Без цензура)” а потоа ја објавија и голем број на медиуми, кои во јавноста претежно се познати како мегафон на една одредена политичка партија. Во оваа вест има генерализирање на изјавата на еден поединец, и на овој начин, преку сензационалистички наслови, се манипулира со јавноста.

Пишува: Убавка Јаневска

Рецензираме текст  со наслов „Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања!

Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал.

Пишува. Убавка Јаневска

Рецензираме вест со наслов „Фијаското и дебаклот на Филипче и неговата комисија нема крај, денеска 8 починати, нови 163 заразени“, објавена на порталот Република на 8 јули.

Пишува: Жаклина Цветковска

На порталот infomax.mk објавен е текст со наслов„ Лаже кај стигне:Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада“, во кој  е пренесена  изјава на претседателот на ДПА, дадена во интервју за ТВ 21, во која тој информира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ветил оти доколку дојде до ситуација да формира влада нема да го вкучи во неа досегашниот партнер ДУИ.

Пишува: Соња Рилковска

Рецензирме вест објавена на порталот In7, на 08.07.2020 под наслов „ Ако не дојдете на митингот, ние ќе преземеме мерки “- шефот на Кабинетот на Мерко им се заканува на административците“. Во самиот наслов изнесени се експлицитни обвинувања  на адреса на шефот на кабинетот на градоначалалникот  на Струга,  Дашмир Насуфи, без да се побара став од него.

Пишува Ване Трајков

Објавената информација со наслов ,, Дали ДИЗ функционира како партиска испостава на СДСМ: По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи !’’  обвинува за функционирањето на Државниот инспекторат за земјоделие и погрешно ја толкува интерната коресподенција во ова институција насочена кон планот и програмата за работа со тековна динамика.

Пишува: Шефкије Аласани

Рецензираниот напис е објавен на порталот Актуале, на 7 јули, со наслов: Дали и Села ќе вика: Амелика, Амелика, Амелика. Во Вистиномер многу пати е нагласено дека треба да се известува на правилен и професионален начин, посебно за време на една предизборна кампања, но сепак овој основен принцип на новинарството продолжува да не се почитува.

Пишува Билјана Димко

Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен. Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат СДСМ да ги вработи.

Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани