2win800x200

Битола има комисија за штети, советничкото мнозинство итно ги разреши членовите и избра нови, реагира СДСМ

Јануари 10, 2022

Локалната власт предводена од ДПМНЕ и Поинаку и силниот земјотрес што вчера ја погоди Битола го исполитизира. И покрај фактот што во Општина Битола постои Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, денеска по итна постапка ги разреши сите членови на оваа комисија и на нивно место изгласа нови. Не ја зеде во предвид ниту забелешката на СДСМ во веќе постоечката комисија да бидат вметнати членовите што ги предложи владеачката коалиција на ДПМНЕ и Поинаку.  Ова е континуитетот на ДПМНЕ, ова е континуитето на градоначалникот Коњановски – “Се што било од времето на СДС да се смени, требало не требало”. СДСМ нема да биде алиби на ДПМНЕ и Поинаку во чистаката што ја спроведуваат на сите нивоа и затоа гласаше воздржано. Бездруго, ДПМНЕ и Поинаку се доволно добро координирани и “уиграни”за да ги изгласаат сите точки на седниците на Советот на Општина Битола, без да земат во предвид било чие друго мислење.  

 
Што се однесува до најавите за барање поддршка од Владата на Република Северна Македонија во санирање на штетите од земјотресот во Битола, ги уверуваме ДПМНЕ и Поинаку дека може да бидат спокојни. Владата предводена од СДСМ секако дека ќе помогне колку што може, каде што може за нормализирање на состојбите во Битола по земјотресот што го погоди градот синоќа. Тоа е одговорно, тоа е солидарно. Без разлика што обраќањата до Владата за помош Поинаку до пред само еден месец, кога беше во опозиција, ги сметаше за неспособност и неподготвеност на локалната самоуправа да се справи со состојбите.", пишува во реакцијата на СДСМ Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани