2win800x200

Вечерва промоција на книгата „Патување низ животот со музика“ на авторот Слободан Димитров

Октомври 21, 2021

На 30 октомври, сабота, во 19 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола, ќе се одржи промоција на книгата „Патување низ животот со музика“ чиј а втор е Слободан Димитров, битолчанец, правник, адвокат, вљубеник во музиката. Истовремено ќе биде промовирана и Песната за Елени (Каринте) , а автор на музиката е исто така Димитров

Се случи на 14.08.2019 година, ден кога мојот драг пријател и колега Панде Манојлов-познат поет и писател, ми ја пренесе неговата идеја. Пиејќи го заедничкото кафе во кафулето „Равена“ во Битола рече: „ти имаш многу податоци за музиката, музичкиот живот и музичките случувања за Битола вминатото во Битола и пошироко. Убаво е тоа да биде забележено, за поколенијата да разбератат нешто за минатото врзано за таа уметност“. Го прифатив предизвикот за кој сум му јавно благодарен. Ми се допадна и неговата сугестија, сеќавањата да се состојат од наслови за личности и настани со познати имиња од областа на музиката. Некои од повозрасните генерации ќе се препознаат и ќе се потсетат на настаните, а помладите ќе се запознат со случувања за познати и за нив непознати музички личности. На 01.04.2021 година, Кети-мојата другарка од детството ме поттикна да го средам делот од на рака порано напишаните неколку сеќавања, по изминати пет месеци откако Панде Манојлов не е повеќе меѓу нас. Затоа овие неколку напишани редови му ги посветувам нему и на Кети, пишува во предговорот авторот на книгата Слободан Димитров.

Слободан Димитров-Данчо е роден во Битола , во 1945 година. Основното и средното образование го стекна во својот роден град. Го заврши правниот факултет во Белград, а после шест години го положи правосудниот испит. Животот го помина во музичко семејство, со татко-воен музичар. Музичкото описменување го започна во есента 1954 и наредните години, кога во 1960 го заврши Основното музичко училиште во Битола. Виолината му е животен сопатник, како исполнител на сериозна и народна музика. Автор е на неколку музички дела од областа на народниот мелос. Три негови музички творби се во фонотеката на Радио Белград. Добитник е на првата награда од стручното жири на Белградскиот сабор во 1975, за естрадното "Битолчанка оро" изедувано на сите континенти. Адвокатурата му е професија, а музиката е неговата љубов.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани