2win800x200

Костадиновска-Стојчевска: Од септември вработените во високото образование ќе добијат повисоки платите за 10 отсто

Мај 19, 2021

За првпат е потпишан Колективен договор меѓу Министерството за образование и Самостојниот синдикат за образование и наука на кој се приклучи и Независниот академски синдикат.

-Со овој Колективен договор веќе од септември, вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто, а ќе им биде исплаќан и минат труд кој само некои од установите го исплаќале досега. Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука меѓу кои: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација, изјави на прес конференција пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.
 
Во договорот се дефинира и начин за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата.
 
-Со ова се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата. Дополнително, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж. Со вклучувањето на Независниот академски синдиката во колективниот договор, за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговараа за своите права со Министерството без посредство на раководните структури на државните универзитети. Овој Колективен договор е потврда за грижата на институциите кон високото образование, но и пример за успешно партнерство меѓу Министерството и професорската фела, рече Костадиновска Стојчевска
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани