2win800x200

Коњановски да ги повлече неисправните решенија за данок на имот, бара СДСМ Битола

Мај 17, 2023

Коњановски да ги повлече неисправните решенија за данок на имот и да не ја замајува јавноста со цитирање на закони, изјави Жаклина Наумовска , советничка од СДСМ. 

„Коњановски една и пол година откако е стапен во сила новиот закон не успеа да ја прилагоди евиденцијата за имотот на граѓаните. Ние не ги оспоруваме членовите од законот кои ги цитира Коњановски, туку прашуваме зошто тој не ги почитувал тие членови и зошто навремено не ја извршил обврската за усогласување на фактичката состојба на имотот на граѓаните на Битола и наместо данок на граѓаните им одреди арач. Коњановски цитира одредби од законот, ама не ја цитира одредбата од член 39 според кој регистарот на недвижен имот е база на податоци што ги води општината и во согласност со Законот за општа управна постапка регистарот ги содржи имињата и адресите на даночните обврзници, вкупната вредност на земјиштето и зградите, вредноста на имотот, даночните стапки и решенијата за платен данок. Општината ги доставува податоците до Централен регистар и до Управата за јавни приходи, а не како што вели Коњановски, ги презема од Централен регистар.
 
Тоа што е уште потрагично, за својата неспособност Коњановски ги обвинува граѓаните на Битола кои, наводно, не пријавиле измени навреме, а притоа не гледа дека членовите за пријава кои ги цитира од законот се однесуваат на сосема друго. Повеќе од јасна е политиката на Коњановски - за својата неспособност секогаш бара вина кај други. Во овој случај, според Коњановски, граѓаните се виновни.Затоа, наместо да сее магла, уште еднаш го прашуваме Коњановски:
- Како тоа на сопствениците на деловни објекти во кои работаат повеќе од 20-тина години им се доставуваат решенија со трипати повисоки износи, како да се празни?
- Зарем не гледа Коњановски дека на чекор до неговата канцеларија секојдневно има редици на граѓани? И сите тие според него се несовесни?
- Колку граѓани досега реагирале на грешно издадените решенија за данок на имот?
- Што ќе се случи со граѓаните доколку во рок од 30 дена, од било кои причини, се спречени да побараат општината да ја ,,исправи својата грешка“ ако се има во предвид дека согласно правната поука во решенијата потпишани од Коњановски жалбата не го одложува плаќањето, а рок за тужба до Управен суд е 30 дена?
Го повикуваме Коњановски да ги повлече решенијата за данок на имот кои се спротивни на законот, да не ги малтретира граѓаните и да не ги изложува на дополнителни трошоци. Битолчани не треба да плаќаат за неспособноста на Коњановски и лакомоста на ДПМНЕ“, изјави Наумовска.  
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани