2win800x200

Шо рече

Новоформираната Национална установа Оркестар за џез-музика, која освен што доби од Владата трајна адреса во Националната опера и балет, добива и финансиски средства преку програмата ТАВ, со кои доделениот објект ќе биде соодветно реновиран. Проценетата проектантска вредност на реновирањето е околу 200 илјади евра (11.714.709,00 ден.), од кои 10 милиони денари се обезбедени преку програмата ТАВ, а преостанатите 1 милион 714 илјади денари ги обезбедува Министерството за култура. 

Битола доби ребаланс по мерка на граѓаните, соопштија од советничката група на СДСМ откако денеска кончено  се изгласа ребалансот на Буџетот, а сите амандмани на опозицијата се прифатени од страна на советниците.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска учествуваше на јавната трибина „ЕУ за македонското културно богатство“, на која рече дека културата е таа што ги поврзува 27-те држави членки на ЕУ, кои сите меѓу себе се различни, и дека ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ.

– Ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ. Нема ни ние. Нема ништо да загубиме, остануваме Македонци, кои говорат македонски јазик, кои имаат свои културни обележја, бидејќи за културата не се преговара во пристапните преговори. Европската култура се дефинира како збир на национални култури и таа не се усогласува со законодавство на ЕУ – рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе продолжи со обидите за продажба на хотелот „Битола“ постапувајќи според одлуката на Владата донесена на 174 седница од 25 јули годинава со која им се наложува продажба на деловниот објект зашто е од несуштинско значење за работењето на Фондот. Ова е одговорот од Фондот на ПИОСМ на прашањата што ќе се преземи со некогаш репрезентативниот хотел „Битола“, во чии рамки имаше и пензионерски дом, а денес е искршен и ограбен.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани