За ВМРО-ДПМНЕ иднината на македонската енергетика е во јагленот

Февруари 17, 2020

Отворање на рудниците за јаглен во Живојно и Мариово, ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ како еден од начините за да се зголеми производството на електрична енергија на РЕК „Битола“. Ова го откри Елена Маркова Велинова, претседател на Централната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на трибината „Каде оди енергетиката во Македонија?“

 

„Мислам дека енергетиката ќе оди во позитивна насока доколку граѓаните се одлучат за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е РЕК ‘Битола’ да биде стожер на производството на електрична енергија, а воедно и стожер на македонската економија. Во нашата програма ќе обелодениме со тек на време начини со кој ќе го задржиме и ќе го зголемиме производството на РЕК Битола“, рече Маркова Велинова.

Запрашана како ќе го сторат тоа кога резервите на јаглен во постоечките рудници се ограничени, таа одговори: „Постојат опции за отворање на нови рудници. Доколу се успее со тие планови, доколку се отворат тие рудници кои се наша цел за во иднина значително ќе се зголеми бројот на години во кои ќе може да се користи РЕК Битола како комбинат за производство на електрична енергија. Тоа се рудниците Живојно и Мариово на јаглен“, рече Маркова Велинова.TRIBINA

За разлика од ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ на неодамна одржаната трибина за енергетика рекоа дека основата или сржта на енергетската транзиција се обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

„На светот и нам ни требаат промени, а тои промени  вклучуваат прогресивно усвојување на технологии со низок јаглерод, што е клучен столб на енергетската транзиција“, рече тогаш генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани