Со Битола мој роден крај „Фрајле“ ги канат битолчани на концерт

Февруари 17, 2020

Познатиот женски новосадски кавртет „Фрајл“е  со кусо видео на кое ја пеат „Битола мој роден крај“, ги повикуваат битолчани на нивниот концерт што ќе се одржи на 29 февруари во Центарот за култура во Битола.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=mmQNLx5K1LU{/YouTube}

Од таму велат дека продажбата на билетите  почнува за два дена, односно на 19 февруари во 16 часот, а концертот е на 29 февруари во 20 часот.


Четирите дами од познатиот новосадски  квартет „ Фрајле“ , Невена, Јелена, Марија и Наташа се препознатливи по нивната појава и музички стил. Квартетот е формиран во 2009 година, а во своето 11 годишно постоење, го пропатувале целиот свет. Концертите со нивните 4 моќни вокали се вистинско музичко доживување, а битолската публика ќе има можност да биде дел од музичката магија што ја создава Фрајле.

Е.М

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани