ДА СЕ УКИНЕ ФЕЈСБУКОТ ЗА ЖЕНИТЕ ДА НЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВААТ МЕЃУ СЕБЕ, ПРЕДЛОЖИЛ ЖИТЕЛ ОД ДОЛНО АГЛАРЦИ ВО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РУРАЛНАТА ЖЕНА

Декември 11, 2019

Да се укине фејсбукот за жените да не можат да се прегледуваат една со друга, предложил жител од пелагониското село Долно Агларци во анкетен прашалник за руралната жена како да стане успешен претприемач без стереотипи и предрасури. Истражувањето го спроведуваше Здружението „Зелена берза“ од Битола во проект финансиран од Фондацијата Отворено општество, а со цел да се намдминат стреотипоте кои се дискриминаторски кон жените. Беа анкетирани 350 жени и мажи од повеќе села во општините Новаци, Могила Крушево и Битола.

 

„На крајот од прашалникот имаше дел за предрасурди, па анкетираните напомнаа дека во нивните микро средини има сѐ и сешто од политичка, етничка, верска, економска поделба, потчинетост, недоволно права и можности, хиерархија во домот, непочитување на жената. Имаше и еден интересна сугестија фесјбукот да се укине, беше даденА од машко лице за жените да не се прегледуваат преку фејбук“, рече Билјана Ристевска од „Зелна Берза“, вклучена во делот истражување и анализа во прокетот.

На прашањето дали жената е дикриминирана во однос на мажите, 37,7 проценти одговориле со „не“, а 30,17 проценти со „да“. Од оние што одговориле со „не“, сите припадници на машкиот пол рекле дека нема дисктриминација. Имало и жени кои не сакале да одговорат потврдно на ова прашање иако анкетата била анонимна, но на крајот во разговор признале дека има дискриминација на повеќе полиња, дека немаат имот на сопствено име, немаат возачка дозвола, па се зависни од превоз, дека се финансиски зависни од мажите, дека немаат голема поддршка за студии , се мажат млади и со обврските немаат време за себе.

Иако повеќето од половината испитаници одговориле дека имаат здравствено осигурување, кажале дека тоа е всушност здравствено осигурување на сопругот, односно не им е лично. Од „Зелна берза“ велат дека со тоа се наметнува прашањето колку жената од руралната средина во поодминати години би била финансиски стабилна и независна?

За некои и следењето културни настани е губење на време.

„На прашањето дали жената е вклучена во културниот живот, повеќето испитаници одговорија со не. Имаше и такви кои одговорија со да, но велат дека тоа е поретко и сметаат дека е губење на време посетата на кино, театар“, рече Ристевска.

Статистичките податоци на ниво на држава покажуваат дека расте бројот на мажи како носители на индивидуално земјоделско стопанство за 10 354 мажи, додека жените се намалени за 92. Но, во Пелагонискиот Регион бројот на жени се зголемува, за 990 жени ги има повеќе повеќе како носители на индивидуално земјоделско стопанство од мажи.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани