2win800x200

ШАЈКА НЕ БЕШЕ УДРЕНА ВО РЕГИОНОТ, А СЕГА ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРААТ 140 КИЛОМЕТРИ ПАТ, РЕЧЕ СУГАРЕСКИ

Јуни 19, 2019

Во изминатите 15 години шајка не беше удрена во овој регион, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а сега се рехабилитираат најзначајните патни правци во Битолскиот Регион. Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалничката Наташа Петровска направија увид врз асфалтирањето на патот од Битола за Демир –Хисар.

 

„Овие се првите 10 километри на патот од Битола до Кичево, кои се рехабилитирани, продолжуваме и понатаму, со неговото завршување со средства од ЕБОР од септември стартува 16 километри до Демир Хисар и касно наесен ќе отпочне, а пролетта со голем интензитет ќе се зaврши патот до Кичево.Комплетно од Битола до Кичево целиот пат ќе биде рехабилитиран со врвен квалитет. Овој пат ќе биде завршен в година до крајот на пролетта“, рече Китанов.64654773 342713160013688 3406101742255865856 n

За рехабилитацијата на патниот правец Битола – Кичево ќе се обезбедат 9 милиони евра преку ЕБОР и Светска банка.

Битолчани и до Прилеп ќе патуваат по перасфалтиран пат. За еден месец почнува рехабилитација на стариот пат Прилеп-Битола, а од наесен ќе има тендер за автопат.

„За месец дена патот Прилеп-Тополчани- Битола 10 до 15 километри во вредност 1,6 милиони евра од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта ќе започне да се рехабилитира. Воедно, ќе се прави и изработка на проектна документација за автопат Прилеп- Битола вреден 7 милиони евра средства исто преку Јавното претпријатие, паланирана јавна набавка во септември годинава и изградба“, рече Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Ќе се рехабилитирата и стариот пат од Битола за грчка граница од 13 километри во вредност од 2,5 милиони евра, средства од ЕБОР. Според Китанов тендерот ќе биде објавен есенва, а интензивно ќе се гради на пролет. Напоредно со тоа до в година ова време треба да биде готов и проектот за изградба на експресен пат со обиколница за Меџитлија. Сите зафати во километража ќе бидат околу 140 до 150 километри рехабилитација на постоечките патишта во Битолскиот Регион.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани