2win800x200

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ, ТУКУ ЗА РАБОТА И РЕФОРМИ, ПОРАЧАА АМБАСАДОРИТЕ ОД ПРЕСПА

Јуни 16, 2019

Република Северна Македонија секако дека треба да добие датум за преговори за влез во ЕУ, но има некои технички проблеми кои треба да бидат решени и мислам дека на есен ќе го добие датумот, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих на денешното засадување на дрвца во Отешево, Преспа, со што се одбележа една година од Преспанскиот договор. Неговиот француски колега Критијан Тимоние рече дека земјата ја чека уште многу работа.

„Непходно е земјите на Западен Балкан заедно да влезат во ЕУ, тоа е многу важно за регионот, да одат во пакет заедно. Но, секако постојат разлики меѓу државите и важно е да не се казнува една држава поради бавниот напредок на друга земја. Тоа е процес и европските членки ќе размислат за тоа. Јас мислам дека најдобра идеја е да се донесат заедно во Европската Унија“, рече германскиот амбасадор.

Запарашан кој е неговиот коментар околу можна политичка криза во земјава доколку не добие датум за преговори, Герберих рече : „Премиерот Заев направи добра работа во последните две години со стабилизација на оваа земја и мора да се задржи владата и да не се зборува за избори“.

Францускиот амбасадор Тимоние на прашањето дали ќе се загрози Преспанскиот договор доколку на изборите во Грција победи Мицотакис, рече дека тоа не е негова должност.

„Но, не е време за борба, туку да работиме. Работите, работите, уште има да работите, нови реформи и постоа ќе видиме што се може“, додаде тој.

Викендов крај Преспанското Езеро се одржува манифестација „Запознај ја Преспа„ на која учестуваат младински организации од сите три земји кои го делат езерото, нашата, Грција и Албанија сакајќи да покажат заедништво во регионот.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани