Голем број битолчани заглавени на Плетвар поради застој од голем шумски пожар

Септември 13, 2019

Патници во километарски колони  возила со часови се загалвени на Плетвар поради  густ чад и намалена видливост од голем шумски пожар над  селата Тројаци и Топлица. Сообраќајот на патот  Прилеп-Росоман е во прекин  во двата правца од 15 часот и 40 минути информираат од Автомото сојузот.

Интервенираат противпожарните единици од Кавадарци и Прилеп, а пожарникарите велат дека сосотојбата е исклучително серизона. Пожарот избуванал денеска во 13,30 часот, а вечерва  пламените јазици веќе се до патот.

Гори  шума, нискостеблести растенија и трева. Патниците кои попладенво се затекаа на овој фрекевентен патен правец, се уште се загалвени во колонита, а неизвесно е кога сообраќајот ќе се нормализира. Меѓу нив има и голем број битолчани кои после пладне тргна од Скопје за Битола или обратно. Некои од нив се вратиле назад, а други, пак, заглавени во колоните на социјалните мрежи се жалат дека со часови се без храна и вода.

Гаснењето на пожарот дополнително го отежнува и силниот ветер, поради што никој не може да предвиди кога патниот правец повторно ќе биде прооден.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани