2win800x200

8 години затвор за Владимир Талески, а 6 за Бончановски за „Транспортер“

Март 31, 2020

На 8 години затвор е осуден екс градоначалникот Владимир Талески, а на 6 години затвор е осуден поранешниот секретар на општина Битола Слободан Бончановски, пресуди денеска Основиот кривичен суд во Скопје. Останатите обвинети дел добија затворски казни во траење од 2 и пол до 6 и пол години, а дел добија условни казни. На обвинетите им се судеше за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Основниот Кривичен суд од Скопје ги осуди екс директорите на битолските училишта за злоупотребана службената положба на условна казна затвор од 2 години

Јасмина Ниќиќ Десановска е осудена на 2 години затвор, казна која нема да се изврши доколку вп рок од 5 години од правосилноста на одлуката не го повтори делото. Таа за време на "Транспортер" беше директорка на Медицинското училиште.

Иста казна е изречена и за Кирил Печалев, поранешен директор на гимназијата ,,Јосип Броз Тито", Зоран Каранфиловски на Земјоделското училиште, Анита Ангелевска од гимназијата Таки Даскало,
Василе Дранговски од Економското училиште.

За Илија Белџигеровски од ОУ "Елпида Караманди" 2 години условна казна со 4 години доколку во период од 4 години не го повтори делото, а истата казна му е изречена на поранешниот дирекор на училиштето во Бистрица, Љупчо Стефановски.

Повеќе информации подоцна. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани