Ансамблот на Народниот театар се врати од Кина, одиграа шест претстави пред неколку илјадна публика (фото)

Ноември 20, 2019

Ансамблот на Народниот театар од Битола, по четиринаесет дневната успешна турнеја во Кина, денес се врати дома. Со претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон гостуваше во Шангај и Пекинг и одигра шест претстави. Во Пекинг дури и по две изведби на ден. Претставите ги наполнаа театарските сали во Кина и ги погледнаа неколку илјади гледачи.teatar 33

„Ова беше пекрасна турнеја во Кина, посветена на големиот јубилеј 75 години Народен театар Битола. Одигравме две претстави во Шангај, двете посетени од по 2500 гледачи од претстава. Имавме одличен прием, со многу интервјуа, фотографирања и делење автограми. Во Пекинг одигравме четири претстави, по две во еден ден, скоро исто посетени, малку во помал број со публика поради бројот на седишта. Но, исто наидовме на одличен прием, долги аплаузи и преубави критики. Ова беше уште еден голем настан на нашиот театар, уште едно навистина големо искуство за нашите колеги. И секако за нас најатрактивна беше непрекината кинеска традиција од 6000 години. Не може да се остане рамнодушен“, рече актерот Петар Горко за Апла.мк.peking

(Пекинг, плакатот за фестивалот, која го најавува и гостувањето на Народниот театар од Битола) 

Гостувањата на НУ Народен театар-Битола во НР Кина се совпаѓаат со свеченостите посветени на јубилејот 70 години од формирањето на Кина како современа држава, но и со денот на основањето на битолскиот театар, 14 ноември 1944 година.sangaj

sangaj 2

sangaj 66

(Театарот во Шангај -воодушевувачко здание)

 

Турнејата беше поддржана од Министерство за култура.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани