2win800x200

Милевски нов министер за локална самоуправа, вели ќе го направи еден од најважните ресори во државата

Јуни 23, 2019

Како претседател на ЛДП сакам да ја информирам јавноста дека синоќа Централниот одбор на ЛДП, донесе одлука да се прифати предлогот на мандатарот Заев, ЛДП да го предводи ресорот локална самоуправа, напиша Горан Милевски денеска на својот Фејсбук профил. Тој вели „одговорноста е голема но ја прифаќам и како лидер на ЛДП и како политичар!  Ќе работиме чесно, со намалување на непотребните трошоци и привилегии, заедно со сите кои имаат идеи, предлози и желба да помогнат во намерата да ги подобриме условите на сите граѓани“.

Според Милевски поддршката за новата функција ја добил  и од партијата.

-„ЛДП донесе и одлука за министер во овој ресор да ме предложи мене, како претседател на ЛДП и со тоа да даде тежина на ова значајно за нас министерство“.

Милевски уште пишува дека „Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата. Сакаме да има "СИЛНИ ОПШТИНИ, ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА" каква што беше заложбата на ЛДП уште пред точно 10 години, кога настапивме самостојно на Локалните избори во 2009 година под слоганот: СИЛНИ ОПШТИНИ, СИЛНА МАКЕДОНИЈА.ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа.Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа.Драго ни е дека претседателот на Владата, Зоран Заев ги споделува нашите намери и идеи за засилување на локалната самоуправа, пишува Милевски и набројува .

- да ги подобриме услугите на граѓаните на локално ниво

- да имаме зголемена децентрализација

- да имаме силни општини

- да имаме искористени европски фондови

- да имаме поурамнотежен регионален развој

- да имаме спремна државата за брзо затворање на поглавјето 22 во преговорите со ЕУ

- да имаме конечно отворени листи за избор на советници

- да имаме рамноправен третман на сите општини.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани