БРИГАДИРИТЕ ШТО ЈА ГРАДЕА БРАНАТА „СТРЕЖЕВО“ ЌЕ СЕ ОБЕДИНАТ ПО 40 ГОДИНИ

Јуни 20, 2019

Битола деновиве ќе биде домаќин на бригадири од цела Македонија кои учествуваа во Младинската работна акција „Стрежево“ во 1979 година. Се навршуваат 40 години откако тие се вклучија во изградбата на Браната, Алиментациониот и Доводниот канал. Изградбата траела до 1981 година, а благодетите Битола и околината ги уживаат до денес.

 

„ Во акцијата беа вклучени 3500 бригадири од цела поранешна Југославија. На прославата ќе учествуваат повеќе бригадири од Македонија и тоа од Скопје, Куманово, Штип, Велес, Крива Паланка, Охрид и нормално бригадирите од Битола. За жал, и покрај обидите не успеавме да воспоставиме контакт со бригадирите од другите републики“, рече Душко Јанкуловски, претседател на Здружението за доброволно младинско работно ангажирање „Волонтери – Пелистер“, кој воедно беше и првиот командант на акцијата.64576195 433490750584917 3588672224959135744 n

Бригадирите доаѓаат утре и ќе бидат сместени во Студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола. Во сабота во 10 часот се поаѓа од пред Општина Битола во посета на браната Стрежево , а потоа и посета на некогашната бригадирска населба во село Ниже Поле. Потоа ќе следува пошетка низ Широк Сокак и во 14 часот изложба на фотографии од младинската акција „Стрежево“ во Завод и музеј. Бригадирско тавче гравче бригадирите ќе ручаат во Студентскиот дом „Кочо Рацини“, а вечерта ќе има и забавна програма.64541419 377857419530308 819167511659413504 n

Здружението „Волонтери –Пелистер“ ќе се обидат од наесен да создаде доброволна младинска работна бригада составена од средношколци.

„Бараме да продолжи традицијата на всадување љубов кон волонтеризмот, кон татковината, да се сработат работите што можат, пошумување, заштита на животната околина, езера, реки“, рече Љупчо Василевски од „Волонтери-Пелистер“

Бригадирите се потсетија дека на времето и врски се фаќале за да се оди на работна акција.

„ Мислиме дека може да се направи бригада и денес и би било многу општествено корисно и одговорно да може децата да ги навикнеме на работни навики, а не само по кафичите да го трошат времето.  Некој ми рече ние сезонски работници не можеме да најдиме за пари, ти сакаш без пари. На времето врски се фаќаа за да се оди на акција. Ние по 5 бригади пуштавме од Битола по 50 лица, значи 250, а по 350 до 410 се јавуваа“, рече Јанкуловски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани