2win800x200

Во Битола одбележан 22 Април - Денот на планетата Земја

Април 22, 2019

 Со акција која има за цел да ја подигне свеста за селектирање на отпадот кај граѓните, јавното претпријатие „Комуналец“ и  општина Битола, го одбележаа 22 април, Денот на планетата земја. На пет пунктови низ градот, Старата битолска чаршија, плоштадот "Магнолија", кај хотелот „Епнал“, кај Офицерски дом и Новиот пазар, ученици од битолските училишта и деца од градинките, заедно со нивните наставници им делеа флаери на граѓаните на кои е прикажан начинот за селектирње на отпадот.

-Веќе подолго време ЈП „Комуналец врши селекција на хартија и пластика преку организиран систем, а за таа цел на територијата на Општина Битола поставени се 160 пластични контејнери со волумен од 1,1 метар кубен во жолта боја и 1650 пластични канти за индивидуалните домаќинства. За селекција на отпадната хартија на територијата на градот Битола поставени се педесетина пластични контејнери, исто од 1 метар кубен во плава боја наменети исклучиво за правните лица кои што генерираат отпад од хартија. Покрај овие процеси на селекција на отпадот, ЈП „Комуналец преку организиран систем врши селекција на габаритен отпад и отпад од електрична и електронска опрема, вели Зоран Дојчиновски, технички директор на Јп „Комуналец“.

Сепак навиките кај граѓаните за селектриање на отпадот се уште не се на задоволително ниво, иако има извесен напредок, додава Дојчиновски.

-Што се однесува на навиките на граѓаните за селекција на отпадот, можеме да кажеме дека не се на потребното ниво, но бројките покажуваат дека свеста кај грѓаните се подигнува. За споредба, во 2016 година, собраните количини на хартија се 186 тони, во 2017 година 226 тони, а во 2018 изнесуваат 236 тони. Што се однесува на собраните количини палстика, остануваме на константно ниво од 4 тони годишно, за жал се уште постои проблемот со неформалните собирачи на отпад, рече техничкиот директор на ЈП „Комуналец“.

Градоначалничката Наташа Петровска вели дека сите еколошки акции во кои покрај надлежните се вклучија и граѓаните, одат токму во насока на подигање на еколошката свеста кај сите.

-Она што ме прави исклучително среќна е тоа што сите активности што ги спороведуваше ЈП „Комуналец“ во изминатата година беа токму во таа насока, дека не може тоа да го прави само јавното претпријатие, или само Општината туку сите заедно, целокупната општествена заедница со поддршка на Општината и со поддршка на јавните претпријатија треба да работиме во насока на подобрување на условите во кои што живееме за зачувување на животната средина и тие поместувања се евидентини. Во таа насока се и голем број акции што се спореведоа,  а беа поддржани од невладини организации, претставници од урбаните заедници. Сметам дека во таа насока треба да продолжиме и во наредниот период, рече Петровска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани